Зидан се „заљуби“ во млад фудбалер: Французинот сака да го донесе во Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо е при крај, па веќе неколку млади фудбалери стапуваат на сцена. Меѓу нив е и Килијан Мбапе, од кој се очекува да доминира во следните години.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е „заљубен“ во него, па побарал од претседателот Флорентино Перез да го купи.

„Мбапе е заљубен во Мадрид? И јас сум во него. Доаѓа тука на важен тест со ПСЖ. Знаеме колку е важен за неговата екипа и ќе бидеме подготвени“, порача Зидан.

Мбапе е фудбалер за иднината и тимот кој ќе го има најверојатно ќе доминира во светскиот фудбал.

Ова 20-годишно момче неколку пати го поврзуваа со трансфер во Мадрид, а тоа би можело да се реализира на лето.