Зидан со коментар за можниот трансфер на Јовиќ ги изненади сите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ договорил трансфер во Ајнтрахт Франкфрут, а потврдата вчера пристигна од германскиот тим, иако тренерот Зинедин Зидан ги изненади сите.

Зидан тврди дека на него никој ништо не му кажал за трансфер на Јовиќ.

„Јовиќ уште е тука. Не е во тимот поради повреда и никој не ми кажал ништо друго. Ќе видиме што ќе се случи. Јовиќ е стрелец и тоа од него го сакаме. Немаше среќа, треба да се адаптира и тоа не е лесно“, вели Зидан.

Реал Мадрид утре игра полуфинале дуел од Суперкупот против Атлетик Билбао.