Зидан забрани во соблекувалната на Реал Мадрид да се споменува едно име!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Зинедин Зидан претставува голем авторитет во Реал Мадрид и секој негов збор има своја тежина, која треба сите да ја почитуваат.

Во претходниот период се шпекулира за трансфер на Ерлинг Халанд во Реал Мадрид, посебно по посетата на Мино Рајола во престолнината на Шпанија.

Меѓутоа, додека новинарите често го поврзуваат Халанд со Реал, Зидан им забрани на своите фудбалери во соблекувалната да го споменуваат неговото име.

„Изморен сум од приказните за Халанд“, вели Зидан.

Реал Мадрид е во борба за титулата во Шпанија, а „кралевите“ се и во четвртфиналето на Лигата на шампиони, па затоа сака Зидан неговите фудбалери таму да го задржат фокусот.