Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хаким Зијех реши да го прекине молкот и конечно да му одговори на селекторот Вахид Халилхоџиќ на последната изјава за неговиот статус во репрезентацијата на Мароко.
Халилхоџиќ го исфрли Зијех од екипата во септември поради тоа што не сакаше да игра на пријателски меч против Гана, а потоа не се најде на списокот на патници на Африканскиот куп на нации.
По елиминацијата во четвртфиналето на турнирот во Африка, селекторот кажа дека нема да го моли Зијех да игра за репрезентацијата.
Неколку дена подоцна реагираше и Зијех, кој му кажа дека никогаш повеќе нема да игра за Мароко, додека тимот го предводи Халилџохиќ.
„Нема да се враќам во репрезентацијата, тоа е конечна одлука. Мене ми е јасно. Ќе се фокусирам на тоа што го правам најдобро и на мојот клуб“, кажа Зијех.