Златан има специјален тим од соништата: Во напад – Ибра, во средина – Ибра, во одбрана – Ибра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го состави тимот од соништата, а со фотографијата на интернет ги насмеа своите фанови затоа што неговиот избор беше необичен.

Ибрахимовиќ игра во фантастична форма и во неделата повторно воодушеви со играта во Наполи каде постигна два гола во победата на Милан.

Овој 39-годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра шест натпревари во Серија А, постигна 10 погодоци и е прв стрелец на Апенините.

Ибра повторно ги насмеа неговите следбеници на Инстаграм откако имаше задача да го избере својот тим од соништата. Тој на секоја позиција на теренот одлучи да се стави самиот себе.