Златан се подготвува за враќање во Шведска?


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Според Кориере дела Сера, Златан Ибрахимовиќ решил да го напушти Милан по крајот на оваа сезона.

Италијанскиот весник тврди дека Златан е „на пат кон дома“ затоа што има намера да се врати во Шведска и да ја заврши кариерата во тамошниот шампионат.

Патем, Ибрахимовиќ конечно се врати во Италија оваа недела, а по негативниот тест на Ковид 19, тој успеа да го „издејствува“ за скратен карантин, па треба да се приклучи на тренинзите на Милан многу брзо.

Сега, Златан и остатокот од „Росонерите“ чекаат продолжување на сезоната најавена за 13. јуни, но тој, наводно, одлучил дека ќе замине во Шведска веднаш по крајот на сезоната. Поточно, Ибахимовиќ решил да не го продолжи договорот со Милан.

Се шпекулира дека „Росонерите“ се за продолжување на договорот на 38-годишниот напаѓач, но Ибрахимовиќ, кој пристигна во „Сан Сиро“ во јануари, не планира да го продолжи истиот.

Пред да се врати во Европа од МЛС, Ибрахимовиќ купил 23,5% од правата на управување во Хамарби, Шведска, и штотуку помина значителен дел од тренинг пандемискиот период на коронавирус со тимот.

Сега Кориере дела Сера тврди дека Ибрахимовиќ е решен да се врати дома, а Хамарби би можел да биде идеална дестинација за да стави крај на богата кариера.