„Златната топка“ го губи кредибилитетот: Крос испрати остри критики – Бензема е најдобар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалерите во историјата, Лионел Меси вчера ја освои „Златната топка“ по седми пат во кариерата, а неговата победа ги разочара навивачите, кои очекуваа Роберт Левандовски да ја добие наградата.

Меси немаше добра сезона и очигледно новинарите при изборот се воделе според некои претходни заслуги, па така пристигнаа жестоки критики.

Изборот на Меси за најдобар фудбалер во светот предизвика критики и од фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, кој смета дека Аргентинецот не ја заслужил наградата.

„Прво морам да кажам дека индивидуални награди не ме интересираат, но според мое мислење Меси не требаше да победи овој пат. За мене Бензема е најдобар за оваа година“, кажа Крос.

Меси го победи Левандовски во изборот за само 33 гласови, додека Бензема заврши на четвртата позиција.