„Знам дека звучи смешно но ќе ја освојам Златната топка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако многу се шпекулира дека е прашање на момент кога Марио Балотели ќе го напушти Ливерпул, тој ќе се придружи на соиграчите во тренинг кампот и ќе чека своја шанса.

Контроверзниот фудбалер во разговор за Кориере дела Сера истакна дека ќе дојде неговото време и ќе ја освои Златната топка.

„На скала од нула до десет застанав на пет, но ќе стигнам до таа десетка. Сакам да дојдам таму. Да ја освојам Златната топка. Свесен сум дека во последните две години можев да бидам многу поблиску до таа десетка и наместо тоа останав на некоја петтка.

Знам дека тоа што зборувам дека ќе ја освојам Златната топка можеби изгледа смешно и можеби не направив се за да биде најдобро, но важна работа е дека тоа го сфатив и дека не е предоцна. Не сакам да ја завршам кариерата со жалење што не направив се што можам за да биде најдобро. До пред две години работев се што сакав, бев среќен  и не размислував за напредок, бидејќи мислев дека тоа е доволно. Меѓутоа, во преходните две сезони почнав да работам сериозно, но резултатите не се видливи. Можеби го плаќам цехот за претходните 23 години. Сепак, опуштен сум, бидејќи знам дека работите се променија“.

Инаку, од доаѓањето во Ливерпул, Италијанецот одигра 28 мечеви и постигна 4 голови.