„Зошто го избравте Јувентус наместо Арсенал? Затоа што Јуве си е – Јуве!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Јувентус го реализираше трансферот на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ од Фиорентина, а за неговите услуги се очекува да платат околу 75 милиони евра.

Влаховиќ ќе биде големо засилување за „Старата дама“, откако во текот на првата полусезона беше неверојатен и постигна 20 голови за Фиорентина во сите натпреварувања.

На медицинските прегледи во Торино беа и новинарите кои го прашаа агентот на Влаховиќ, Дарко Ристиќ зошто го избрале Јувентус наместо Арсенал, кој долго време беше заинтересиран за услугите на Србинот.

„Јуве си е Јуве“, одговорил кратко агентот на Влаховиќ.