Зошто навивачите на Јунајтед ќе навиваат за Сити во финалето на ФА-купот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед и сезонава ги разочара навивачите, зашто не успеа да избори пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Црвените ѓаволи“ одиграа 1-1 против Хадерсфилд, кој одамна е отпишан. А, доколку победеше Јунајте тогаш ќе останеше во трката за место, кое води во ЛШ.

Сега е јасно дека Јунајтед наредната сезона ќе го гледаме во Лига Европа, но уште не е сигурно дали таму ќе се пласираат директно или ќе мора да играат квалификации.

Иако Јунајтед заврши на место, кое води директно во Лига Европа, сепак постои шанса да играат и квалификации, а тоа зависи од финалниот меч во ФА-купот меѓу Манчестер сити и Вотфорд.

Доколку Вотфорд направи сензација и го освои ФА-купот, тогаш автоматски ќе го преземе местото, кое води директно во Лига Европа, а тоа значи дека Јунајтед ќе игра во квалификациите.