Зошто ПСЖ го суспендира Рабиот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ наводно одлучи да го суспендира Рабиот.

Откако ПСЖ испадна од трката во Лигата на Шампионите од Манчестер Јунајтед, тој објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како добро си поминува во некој клуб.

Тоа го „разбесни“ раководството на француската екипа кои го суспендираа до 27 март. Исто така, една од причините за суспендирањето е тоа што Рабиот „лајкнал“ објава на некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Евра, на која се радува заради преминувањето на Манчестер Јунајтед.

„Мислам дека тоа е неприфатливо однесување и непрофесионален став на еден играч кон клубот, соиграчите и навивачите“, изјави спортскиот директор на клубот Антеро Енрике.

Рабиот во кариерата има одиграно вкупно 227 натпревари за ПСЖ и има постигнато 24 голови.