Зошто Реал Мадрид ќе ја победи Барселона во трката за титулата во Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона беше на чекор до нивната нова титула во Ла Лига, но направи неколку кикса, па сега на шест меча до крајот Реал Мадрид е во пол-поиција за трофејот.

Барселона изгледа многу неубедливо во последните натпревари, додека „кралевите“ триумфираа на сите пет меча по рестартот на сезоната и тие се на праг до првата титула во Ла Лига по 2017 година.

Очигледно има многу проблеми во каталонскиот гигант, а тренерот Кике Сетиен не знае како да ги реши. Барселона не ги контролира натпреварите како во минатото, па често ја губат топката.

Од друга страна, Реал е одличен, посебно во одбраната се цврсти Рафаел Варан и Серхио Рамос, а доминираат и Касемиро и Карим Бензема.

Барселона во следните натпревари игра против Атлетико Мадрид и Вилјареал, кои ќе бидате ептен тешки противници и можат да загубат бодови, додека „кралевите“ немаат посериозен противник.