Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Франција славеше против Аргентина во битката за полуфинале на Олимписките игри, а мечот падна во сенка на инцидетот на крајот.
„Триколорите“ триумфираа со голот на Матета, но по последниот судиски свиреж почна физичката пресметка меѓу Французите и Аргентинците.
Во инцидентот учествуваа и членовите на двете селекции, а проблеми имало и на пат кон соблекувалното, па поради тоа се очекува реакција на дисциплинската комисија.