Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, преговара со ѕвездата на Волверхемптон, Адама Траоре.
Црвените се спремни да го ангажираат овој 24-годишен фудбалер кој привлекува големо внимание заради неговата градба, а се чини дека наскоро би можел да ја задолжи опремата на Ливерпул.
Менаџерот на тимот на „Енфилд“, Јирген Клоп, остварил разговори со шпанскиот фудбалер, кој изрази желба да дојде во Ливерпул, а, наводно, преговорите за трансфер меѓу Црвените и Волвс се во завршна фаза.
Траоре е член на Волверхемптон веќе две години. Тој привлече навистина огромен интерес со неговите настапи, а како што стојат работите, тој ќе игра во Ливерпул следната сезона.
Претходно, овој фудбалер играше за Мидлсборо и Астон Вила, а кариерата ја започна во тимот на Барселона.