Ѕвезда на Дортмунд има лажен извод од раѓање: Не си ми син и имаш 24, а не 20 години!


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Јусуфа Мукоко, 20-годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд, моментално е на позајмица во францускиот клуб Ница.

Веќе на 12 години беше прогласен за еден од најголемите светски таленти, а денеска во германската „Билд“ излезе информација дека тој всушност е четири години постар отколку што покажуваат неговите документи.

Неговиот старател Јосиф (73) во изјава под заклетва, која е исто така достапна за Билд, вели: „Свесен за кривичната одговорност од лажна изјава, изјавувам под заклетва: Јусефа Мукоко не е мој биолошки син. Исто така, не е роден на 20 ноември 2004 во Јаунде. Му обезбедив лажен извод од раѓање во Јаунде. Потоа отидов во амбасадата, му извадив пасош и го одведов во Германија како син. Тој всушност е роден на 19.7.2000 година. Го подмладивме четири години, за на документите да пишува дека е роден на 20 ноември 2004 година.”