Ѕвезда на Интер се појави на тренинг во Фиат Панда, сите го гледаа зачудено 🎥


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер од 12.30 часот играат на домашен терен против Удинезе, а интересно е тоа што на тренинг се појави Артуро Видал со неговата Фиат Панда.

Тоа ги изненади и работниците во тренинг-центарот кои зачудено гледаа кој е во автомобилот, но кога го забележаа Видал, тие почнаа да се смеат.

Чилеанецот неодамна потроши богатство на Ферари, а утрово на Инстаграм објави дека купил Фиат Панда и дека му се остварил детскиот сон. Токму со тоа возило реши да дојде на тренингот на Интер.

„Животот ми даде можност да имам различни работи, но јас уживам во ситниците“, вели Видал.