Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На почетокот на јули во Охрид ќе се организира свадба на кошаркарот на Кливленд кавалирс, Чеди Осман, кој ќе се венча со познатата турска актерка Ербу Сахин.
Охрид не е случајна дестинација, туку желба на Осман, кој е роден токму во македонскиот град и таму има голем број пријатели и роднини.
Ова ќе биде еден од најголемите настани во Македонија на почетокот на јули, па голем дел од македонската јавност ќе го проследи настанот.
Осман ја почна кариерата во Анадолу Ефес, по што се пресели во Кливленд и едно време му беше соиграч на Леброн Џејмс.