Ѕвезда на Лидс не сака да се раздели со Алиоски: Се надевам дека ќе останеш!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидс успешно ја заврши сезоната во Премиерлигата, а веднаш почнаа шпекулациите за иднината на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, чиј договор завршува.

Најдобриот фудбалер на Лидс, Стјуарт Далас кажа дека сака македонскиот фудбалер да му биде соиграч и во следната сезона.

Далас беше избран за најдобар од страна на соиграчите, а притоа го имаше и голот на сезоната, кој го постигна по асистенција на Алиоски против Манчестер сити.

„Не знам што ќе реши Алиоски, но се надевам дека ќе игра со нас и следната сезона. Тоа е важен дел од нашиот проект. Сите што сме во тимот одигравме важна улога во тоа што го направи Лидс во претходните години“, кажа Далас.

Алиоски игра за Лидс од 2017 година, а дали ќе остане во премиерлигашот и следната година останува да видиме.