Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот фудбалер Калвин Филипс испрати порака преку Инстаграм до македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, кој си заминува од екипата на Лидс.
Иако имаше шпекулации дека може да остане во екипата, сепак Филипс ги реши сите дилеми за иднината на Алиоски, кој го напушта премиерлигашот и ќе си ја бара среќата на друго место.
Македонскиот фудбалер најверојатно ќе се пресели во Турција од каде што интерес покажаа неколку клубови.
„Среќно брате. Ќе ни недостигаш“, напиша Филипс на Инстаграм.