Ѕвезда на ПСЖ доаѓа во Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ќе го подмлади составот ова лето, а едно од потенцијалните засилувања е Џуд Белингам со кој наводно биле договорени сите детали, но тука Флорентино Перез нема да запре.

Шпанскиот гигант бил заинтересиран за фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати, кој неодамна го продолжи договорот со парижаните до 2026 година, но не е задоволен од случувањата во францускиот гигант.

Овој 30-годишен фудбалер веќе неколку недели преговара со Реал Мадрид, па наскоро ќе биде познато дали ќе се пресели во Шпанија.

Верати за францускиот шампион досега одигра 412 натпревари и притоа постигна 11 голови и 61 асистенција.