Ѕвезда на Реал Мадрид призна: Мбапе ме убедуваше да потпишам за ПСЖ!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени откри дека Килијан Мбапе минатото лето го убедувал да потпише за ПСЖ.

Чуамени привлече интерес на многу гиганти, а потоа разговарал со неговиот колега за иднината, по што Мбапе му кажал дека ПСЖ е идеално место за него.

„Имав интересен разговор со Мбапе. Сакаше да знае какви ми се плановите. Во јуни тој реши да остане во ПСЖ и потоа ме убедуваше и јас да потпишам за францускиот тим. Меѓутоа, јас мојата одлука ја донесов многу порано“, кажа Чуамени.

Чуамени имаше одлична сезона во Монако, по што се пресели во Реал Мадрид, а досега за „кралевите“ одигра 17 дуели во сите натпреварувања.