Ѕвездашите збеснаа поради навивачите кој го навреди Ибрахимовиќ: На тоа ѓубре треба да му се…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Црвена Звезда имаа уште една магична европска ноќ откако на „Маракана“ не успеа да слави Милан, кој имаше водство од 2-1 до самата завршница, но Милан Павков во 93. минута погоди за 2-2.

Сепак, еден лош момент кој на многу навивачи им го расипа впечатокот беа навредите кон Златан Ибрахимовиќ од страна на еден навивач, кој се најде во новинарската ложа.

Многумина му се извинија на Ибрахимовиќ, но потсетија и на неговиот хуман гест кога донираше пари за акција на изградба на 28 станови за семејствата кои беа погодени од поплавите во 2014 година.

Многу од ѕвездашите порачаа дека „ѓубрето кое го навредувало Ибрахимовиќ не треба повеќе никогаш да влезе на стадионот“.