Ѕвезди на Барселона намерно добиле жолти картони и нема да играат во „Ел Класико“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона славеше со 1-0 против Лас Палмас во 30. коло од шпанската Ла Лига, а во мислите на тренерот Чави Ернандез веќе е дербито против Реал Мадрид кое се игра наскоро.

Стручниот штаб на Барселона наводно решил де од фудбалерите намерно да добијат жолти картони против Лас Палмас за да ја отслужат суспензијата во следното коло и да бидат достапни за „Ел Класико“.

Очигледно намерни санкции добија Роберт Левандовски во 81. минута, како и Жоао Кансело во завршницата од натпреварот, па така и двајцата ќе го пропуштат дуелот против Кадиз.

„Според правилата на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Левандовски и Кансело мора да бидат суспендирани на два меча и така би го пропуштиле Ел Класико, со оглед на тоа дека намерно добија жолти картони“, пишува „Марка“.