Ѕвезди на Јунајтед направија хаос во соблекувалната поради бонусите во договорите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед идната сезона нема да играат во Лигата на шампиони, а најголема вина за тоа имаат фудбалерите, кои не ги оправдаа парите вложени во нив.

Пол Погба и Алексис Санчез се во центар на нов скандал во соблекувалната на „ѓаволите“ и тоа повторно поради пари, односно бонусите за голови и асстенции.

Санчез е најплатен фудбалер во Премиерлигата, па има и големи бонуси, односно за секој гол добива 75.000 фунти, а за асистенција добива 25.000 фунти.

Погба е блиску до тие услови, па во моментов еден негов гол чини 50.000 фунти, а асистенција 20.000 фунти.

Бонусите се нормални во модерниот фудбал, но во Јунајтед борбата за добивање на тие работи го вознемири тренерот Оле Гунар Солскјер, зашто фудбалерите на теренот не го прикажуваат тоа што го бара и очекува од нив.

Останува да видиме на крајот на сезоната што ќе се случи со нивните иднини, иако познато е дека Санчез ќе замине, додека уште нема повеќе детали за Погба.