Ѕвездите на Челси му го вртат грбот на Покетино – позната е причината!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Гардијан“ пишува дека во соблекувалната на Челси владее разочараност затоа што тренерот Маурицио Покетино решил да не му ја додели капитенската лента на Тиаго Силва.

Ѕвездите на Челси сметаат дека Покетино покажал непочит кон бразилскиот дефанзивец, откако се повреди Рис Џејмс.

Медиумот пишува дека ова може да предизвика хаос во соблекувалната на премиерлигашот, кој игра очајно во новата сезона и се наоѓа далеку од позициите кои водат во европските купови.

Фудбалерите на Челси сметаат дека капитенската лента треба да ја носи Силва во отсуство на Чилвел и Џејмс.