Ѕвездите на Наполи останаа без премија од 10 милиони евра

Наполи вчера беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ), откако загуби на гостувањето кај Барселона.

Поразот во елитното натпреварување беше болен за фудбалерите кои ќе загубат и премија од 10 милиони евра.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис им соопштил на ѕвездите дека ќе им подели 10 милиони евра ако ја победат Барселона.

Причина за големата премија е тоа што Наполи со пласманот во четвртфинале ќе се пласираше на Светското клупско првенство и ќе добиеше 50 милиони евра.