Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватската легенда Звонимир Бобан повеќе нема да биде дел од Европската фудбалска унија (УЕФА), откако реши да се повлече од организацијата.
Бобан беше еден од најблиските соработници на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин кој побара промена на статутот и си овозможи уште еден мандат.
Поранешниот фудбалер на Милан смета дека тоа е лоша идеја и е спротивно на тоа што Словенецот претходно го зборуваше.
„УЕФА сака да го потврди заминувањето на Бобан од организацијата. Бобан се приклучи во 2021 година како шеф на фудбалот и иницираше неколку важни проекти. УЕФА ја изразува својата благодарност до него за посветената услуга“, соопшти УЕФА.