Австралиско „чудо од дете“ стигнува во Ајакс


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Ајакс се договорија за тинејџерот од Мелбурн.

    Овој 16-годишен играч привлече големо внимание на себе на натпреварот против Јувентус кога дебитираше за првиот тим. Мелбурн тогаш победи по изведување на пенали бидејќи по 90 минути игра беше 1:1.

    Од тогаш постои голем интерес за тој играч, а по се изгледа дека Ајакс победи во таа трка.

    Ајакс веќе долги години е синоним за клуб кој развива талентирани играчи, па нема причина да се сомневаме дека тоа ќе биде случај и со Себ Пасквали.