Агентот на Алисон негираше дека е постигнат договор со Реал Мадрид


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Агентот на Алисон ги негираше коментарите на прославениот бразилски фудбалер Кафу кој деновиве изјави дека голманот постигнал договор да се приклучи на Реал Мадрид.

„Зборовите дека тој веќе има договор со Реал Мадрид се целосна лага. Не знам како Кафу може да знае повеќе од мене за оваа работа“- коментираше агентот на Алисон за „ФорцаРома“.

За одличниот чувар на мрежата покрај Реал Мадрид се интересира и тимот на Ливерпул. Цената на Бразилецот изнесува околу 80 милиони фунти.