Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лекарот на аргентинската репрезентација Донато Вилиани соопшти дека Серхио Агуеро ќе паузира шест недели.
Напаѓачот на Манчестер Сити минатата недела доживеа сообраќајна несреќа враќајќи се со такси од еден концерт во Амстердам, а повредите со кои се здоби се посериозни, отколку што се најавуваше.
Агуеро во моментот не е во можност да се движи низ дома или да влезе во автомобил, во што се увери и лекарот на аргентинската репрезентација.
„Агуеро е лошо расположен бидејќи сака да и помогне на својата репрезентација во клучните натпревари за квалификациите за светското првенство“, изјави лекарот.
Во сообраќајната несреќа Агуеро се здоби со скршеници на две ребра, а голема е веројатноста дека би бил и потешко повреден да не би бил врзан со појас.