Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Азар на новинарите на белгиската репрезентација во Русија им кажа дека можно е да си оди од Стемфорд Бриџ.
„Ќе останам во случај ако се засилиме како што треба, доколку не, јас заминувам“, истакна Азар, кој очигледно нема видено ниту малку амбиција во Челси во минатата сезона.
„Реал знае што треба да направи доколку навистина ме сака и сите знаат дека тоа за мене е интересна идеја“, додал Еден.
Белгиецот веќе некое време се поврзува со Реал Мадрид, но сака да има причина поради која би отишол таму.
„Мора да постои проект кој ќе ме привлече, како што беше случај кога дојдов во Челси. Сепак, сега сум фокусиран на Светското првенство, па ќе видиме што ќе се случува потоа“, изјавил тој.
Азар во дресот на Челси има одиграно 208 натпревари и има постигнато 69 гола, а претходно играше за Лил пет години.