Ако Пјаниќ замине од Јуве, ќе следува – трансфер лудило!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Миралем Пјаниќ би можел да замине од Јувентус, а доколку стигне понуда од 100 милиони евра, нема да има повеќе дилеми.

Со добиените пари, Јувентус би го ангажирал Рабио од ПСЖ, на кого му завршува договорот, а постои можност да го ангажираат и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, иако во моментов Лотито бара премногу пари.

Една од опциите и понатаму е Матео Ковачиќ од Реал Мадрид, кој сака да замине од екипата на „кралевите“, а за него интерес покажа Баерн Минхен.

Во случај Хрватот да замине, Реал ќе отвори место за Сергеј, па ќе се обиде да им го „украде“ на „бјанконерите“.

Од друга страна, доколку Баерн го ангажира Ковачиќ, тогаш двајца играчи од нивната екипа ќе заминат. Еден од нив е Видал, кој го сака Интер и планира да понуди 30 милиони евра, а втор е Тијаго Алкантара.