Активирана тренерска „бомба“ – Ако добие отказ, Зизу добива работа од соништата?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според сите шпекулации и тврдења на многу медиуми, францускиот стручњак Зинедин Зидан најверојатно на крајот од оваа сезона ќе ја напушти клупата на Реал Мадрид, но тој веќе има неколку занимливи понуди.

Зидан со кралскиот клуб во претходните две години освои се што можеше да се освои, но на Реал не им оди баш најдобро оваа сезона.

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Перез одлучил да му се заблагодари за соработката на францускиот стручњак на крајот од оваа сезона.

Меѓутоа, Зидан сигурно дека нема долго да остане без работа. Како што пренесува Дејли Мејл, судејќи според се од наредната сезона тој ќе биде нов тренер на ПСЖ. Парижаните не се воодушевени како моменталниот тренер Унаи Емери го води тимот.

Но, управата на ПСЖ ќе почека со отказот на Емери се додека не го осигура новиот тренер, а се чини дека најидеален избор е Зидан.

Управата на ПСЖ сака овој тим да стане најдобар на светот, а покрај скапите засилувања во играчкиот кадар, се чини дека се одлучиле да вложат и некој денар и на тренерската позиција.