Алекс Симовски: Настапувам за државата на мојата фамилија, за мене тоа е непроценливо


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Фудбалерот на шведски Акрополис Алекс Симовски против Црна Гора за прв пат ќе биде во комбинација за настап во дресот на Македонија на еден официјален натпревар. Фудбалерот роден во Шведска беше дел од селективните кампови организирани од селекторот Благоја Милевски, но тие натпревари немаа вистински натпреварувачки карактер. На утрешната пресметка против Црна Гора, Симовски верува дека ќе ја оправда довербата и ќе го заслужи местото во репрезентативниот тим и во иднина.

-Јас сум многу среќен што ја претставувам родната земја на мојата фамилија, јас сум роден во Шведска, но тоа не ја намалува љубовта кон Македонија. Мојот дедо е роден во Македонија, потекнува од мавровскиот крај и навистина сум среќен што имам шанса да ја претставувам Македонија, вели Симовски.

Младиот фудбалер на Акрополис во однос на натпреварот утре со почеток во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ истакнува дека сите во тимот се свесни за одговорноста која ја носи дресот на репрезентацијата и посакува поволен резултат.

-За мене ове е како дебитантски настап, иако бев дел од селективните кампови пред неколку месеци. Се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат. Работиме добро, знаеме што очекува селекторот од нас и доколку добијам шанса ќе дадам се од себе да ја искористам. Мораме да бидеме цврсти во дуелите, да делуваме компактно и во фаза на одбрана и кога напаѓаме. Ако не краси тимскиот дух, а верувам дека ќе биде така, тогаш можеме да се надеваме на позитивни работи, додава Симовски.