Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез се кладел со својот соиграч Маркос Рохо дека Мурињо ќе добие отказ.
Чилеанецот кој не се наигра кај Портгалецот од доаѓањето од Арсенал во јануари оваа година, очигледно одвај чекај Мурињо да си замине. Кладбата со Рохо била на 20.000 фунти.
The Sun ја објави пораката која Алексис му ја пратил на Рохо откако Мурињо го доби отказот, а во која пишушвало:
„Ти реков. Требаше само трпение. Рохо ми должиш 20.000 фунти“, напишал Алексис Санчез.
Пораката ја пратил веднаш по отказот, а со оглед на тоа дека Санчез ден по заминувањето на поранешниот менаџер славеше и 30. роденден, очигледно имал две причини за славење.
Алексис моментално одмара во Чиле каде се опоравува од повреда, а на теренот би требало да се врати во јануари.