„Алексис Санчез го „запали“ целиот Лондон со последната изјава за иднината!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чилеанецот конечно проговори за својата иднина и предизвика хаос во Лондон.

Алексис Санчез може да биде една од бомбите во претстојниот преоден рок, но како што моментално стојат работите, тој нема намера да замине од Лондон, но дали и да остане во Арсенал?!

Иако не рече дека сака да го продолжи договорот, истакна дека ќе го испочитува сегашниот до крај, односно до јуни 2018 година, но и да остане во Лондон!

„Среќен сум во Арсенал и сакам да останам во Лондон до крајот на договорот. Сакам да останам во ист град и во победнички тим кој тежнее по трофеи. Имам 28 години и уште многу имам пред мене.

Водам сметка за себе и за своето здравје и планирам да играм уште долго низ годините“, рече Алексис Санчез.

На англиските медиуми посебно во центарот на вниманието остана делот дека сака да остане во ист град, поради тоа што со тоа ја подгреа шпекулацијата за премин во Челси.

Не е тајна дека Антонио Конте го сака Санчез во својот тим, а кога ќе ги спари него и  Азар по страните, тоа ќе биде пеколен тандем по страните, кој и да игра како централен напаѓач.