Али заминува од Тотенхем за неверојатни 104 милиони евра?

Ќе го изгуби ли Тотенхем својот најдобар фудбалер?

Деле Али има чудна кариера. Пред две години играше во редовите на МК Донс, а сега е стандарден во Тотенхем со кој е сеуште во трка за титулата во Англија.

Веќе со месеци се зборува за интересот на Реал, па и Барселона за Али, а сега се вклучи и Сити. Медиумите пишуваат дека Сити е подготвен ова лето да тргне и да направи сензационален трансфер и да понуди 104 милиони евра.

Таа понуда би го задоволила клубот кој е подготвен да го продаде својот фудбалер за добра сума.