Алкасер набрзо и перманентно ќе потпише за Борусија Дортмунд


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пако Алкасер во следниот период и официјално ќе стане играч на Борусија Дортмунд затоа шот од германскиот клуб се решиле да го откупат неговиот договор од Барселона.

25 годишниот фудбалер пристигна меѓу „милионерите“ како позајмен фудбалер од Барселона и веднаш покажа дека ќе биде одлично решение за клубот постигнувајќи осум погодоци на шест средби.

„Кикер“ објавува дека Борусија ќе плати 21 милион евра на Барселона за неговите услови, а трансферот формално ќе биде објавен по натпреварот против Мајнц кој на програмата е утре.