Анкетата заврши: Навивачите на Реал решија кого сакаат како замена за Роналдо!

Навивачите на Реал Мадрид на социјалните мрежи гласаа за тоа каде треба да ги потроши клубот парите од трансферот на Кристијано Роналдо и кого треба да донесе како негова замена.

Европскиот шампион го продаде Роналдо за 100 милиони фунти во Јувентус, а во екипата останаа само Герет Бејл, Карим Бензема и Марко Асенсио кои може да играат во нападот на „кралевите“, но навивачите сакаат уште еден играч во нападот.

На профилот на „АС“ имаше отворено анкета, а дури 88% од навивачите бараат од претседателот Флорентино Перез да купи засилување до 31. август.

Во анкетата беа понудени неколку избори за кои навивачите требаше да гласаат, а најмногу гласови доби Мауро Икарди, а по него изборот падна на Тимо Вернер и Родриго од Валенсија.