Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, е изненаден од резултатот во Белград, каде што Црвена Звезда го совлада Ливерпул со 2-0.
Анчелоти со својот тим знае дека српскиот тим е незгоден на свој терен, каде што во првото коло беше 0-0, но не можел ни да претпостави дека на „Маракана“ ќе направат спектакл против англискиот гигант.
„Да бидам искрен, изненаден сум со поразот на Ливерпул во Белград. Тоа е неочекувано. Звезда сега се вклучи во борба за пласман понатаму, а во Париз загуби со 6-1. Нашата група е израмнета, а двете ремиња со ПСЖ се позитивни за нас“, порача Анчелоти.
Наполи и Ливерпул имаат по шест освоени бодови, ПСЖ има пет, а Црвена Звезда има четири бода.