Арсенал го посакува талентираниот играч на Ајакс за кој е заинтересирана пола Европа

„Топчиите“ го испратиле нивниот најдобар скаут да ги следи игрите на дефанзивецот од Ајакс, Матијс Де Лигт за време на репрезентативните настапи.

Де Лигт кој има само 18 години веќе е редовен во првиот тим на Ајакс, а минатата недела имаше импресивно деби за репрезентацијата на Холандија.

Покрај Арсенал, сериозен интерес за еден од најталентираните играчи во светот има и од тимот на Барселона која со Де Лигт и Јери Мина планира да изгради стоперски тандем за иднината.