Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот репрезентативец на Англија и поранешен член на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, Мајкл Овен, зборуваше за Арсенал и нивните игри во последните неколку години.
Арсенал и во оваа сезона веројатно нема да освои титула, шансите од коло во коло се се помали за такво нешто да се случи, па навивачите не се најсреќни поради тоа и многумина сакаат заминување на Арсен Венгер.
Сепак, ги има и тие кои го пофалуваат Арсенал. Еден од нив е и Мајкл Овен.
„Мислам дека Арсенал е најконстантна екипа на светот“, беше изјавата на Мајкл Овен која наиде на многу исмејување. Сепак, подоцна и образложи што сакаше да каже.
„Тие се секоја година трети или четврти. Сите да кажат дека биле под очекувањата, но Арсенал секогаш е тука. Секоја година стигнуваат и во Топ 16 фазата на Лигата на шампионите. Секогаш се исти во последните 10-12 години и ги победуваат лошите екипи во Премиер лигата и групната фаза од ЛШ, но кога ќе дојдат до Челси, Манчестер Јунајтед или Баерн од Минхен, тие исчезнуваат.
Тие се константни, но се под нивото“, рече Мајкл Овен.