Аспас одби богата понуда од ПСЖ, а објасни и зошто


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот напаѓач Јаго Аспас доби некоја богата понуда од европските гиганти.

Поранешниот играч на Ливерпул ужива во оваа сезона во Шпанија и на 19 мечеви во сите натпреварувања постигна импресивни 15 погодоци.

Поради тоа напаѓачот на Селта може наскоро да го промени клубот, и самиот откри дека сакаат да го ангажираат некои гиганти.

„ПСЖ прашуваше за мене, како уште некои големи тимови, но јас сум среќен овде. Ми годи интерес на други тимови, но ќе бидам овде се додека Селта ме сака“, призна Аспас.

„Овде уживам со фамилијата, родителите и не може тоа да се плати со никакви пари. И како млад играв за Селта бидејќи го сакам овој клуб“, заклучи 29-годишниот напаѓач кој потекна во тимот од Виго, во Ливерпул беше од 2013 до 2015 година, а пред враќањето во Селта настапи уште за Севиља.