Аталанта заврши работа, потпиша одличен напаѓач (ФОТО)!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Аталанта сака да ја засили конкуренцијата во нападот, стигна одличен напаѓач од дански Копенхаген.

Напаѓачот кој во оваа сезона беше одличен во Лигата на шампионите настапувајќи за Копенхаген, високиот Андреас Корнелиус, потпиша за Аталанта во текот на денешниот ден.

Овој 24-годишен напаѓач важи за некој кој игра одлично со глава, игра и за репрезентацијата на Данска за која постигна 3 гола во својата кариера.

Корнелиус ќе се приклучи од 1 јули во екипата на Аталанта, објавено е денеска на сајтот на тој клуб.

Наводно е платен околу 3.5 милиони евра.