Атлетико со полна мрежа голови си оди од „Сан Себастијан“

Ако имаше дилеми кој ќе ја освои титулата во Ла Лига, од вечерва истите ги нема затоа што за титулата на Барселона сега и се потребни само три бода.

Атлетико Мадрид го доживеа најтешкиот пораз оваа сезона откако на „Сан Себастијан“ изгубија од Реал Сосиедад со високи 3:0.

Првиот гол на средбата падна во 27. минута кога Вилијан Хозе погоди за 1:0, а останатите два беа дело на Хуанми и тоа во 80. и 92. минута од средбата.

По 33 коло, Атлетико и понатаму е втор, но сега со 12 бодови помалку од Барселона. До крајот „јорганџиите“ ќе се борат за оваа позиција со својот најголем ривал, Реал Мадрид.