Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот тенисер Енди Мареј ја зголеми предноста на лидерското место и сега има 2.215 бодови повеќе од Ѓоковиќ.
Мареј во претходната недела триумфираше на турнирот во Дубаи и освои 500 бодови додека Ѓоковиќ беше поразен во 3-то коло во Акапулко и освои само 90 бодови.
Мареј има 12.040 бодови додека Ѓоковиќ на второ место има 9825.
Трето место е Вавринка со 5195, Раониќ е 4-ти со 5080, Нишикори остана на 5-то место со 4730 бодови додека Надал е 6-ти со 4.415 бодови.
Една промена се случи во топ 10 на 7-то место, на кое се наоѓа Чилиќ со 3590 бодови, 110 повеќе од Цонга кој падна за едно место.
Во топ 10 се уште и Тим и Федерер.