АТП награди: Федерер е омилен, Норман е најдобар тренер


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најважното прашање на АТП турата сеуштен не е решено, кој ќе ја заврши годината на прво место. Но затоа се поделени останатите награди.

    Роџер Федерер 12-ти пат во кариерата, а вкупно 6-ти пат по ред ја доби наградата „Стефан Едберг“, за најголем спортски човек на турата. Добитниците на наградата ја одредуваат играчите со своите гласови.

    Најдобар тренер на годината е Магнус Норман, кој соработува со Вавринка. Швеѓанецот беше најдобар во категорија која се смета од оваа година. Ги победи Бресник, Лендл, Планк и Тилстром.
    Норман беше втор тенисер во светот и освојувач на 12 АТП титули како играч, а како тренер го донесе Вавринка до 3-то место на АТП листата и до 4 титули во 2016-та година, вклучувајќи го и УС Опен.

    Наградата „Артур Еш“ за хуманитарец на годината ја доби Марин Чилиќ, кој во текот на 2016-та година направи фондација со своето име.

    Тениските навивачи и 14-ти пат по ред за омилен тенисер го избраа Роџер Федерер. Тој доби дури 65% од гласовите меѓу фановите ширум светот. Младиот Лук Пуиј е тенисер кој најмногу напредуваше. Тој од 91-то место стигна до 15-то место на АТП листата.

    За враќање на годината е тоа на Хуан Мартин Дел Потро. Тој освои сребро на Ои во Рио, стигна до ¼-финале на УС Опен и во Стокхолм стигна до првата титула уште од 2014-та година. Тој е повторно меѓу 50-те најдобри во светот.