Бабунски кариерата ја продолжува во Словенија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нашиот интернационалец кој фудбал учеше во младите категории на Реал Мадрид стигна во словенската претстолнина со цел да почне со тренинзи во Олимпија од Љубљана.

Поранешниот капитен на младиот тим на Реал Мадрид и брат на фудбалерот на Црвена Звезда Давид Бабунски кариерата треба да ја продолжи во Олимпија од Љубљана.

Словенските медиуми пишуваат дека Дориан Бабунски веќе стигна во Љубљана и во наредните неколку месеци ќе тренира со екипата со цел да се наметне на стручниот штаб.

Доколку челниците на Олимпија проценат дека поранешниот напаѓач на Реал Мадрид може да биде засилување за тимот, договор ќе биде потпишан поради тоа што Бабунски има статус на слободен играч.

Да потсетиме дека Дориан Бабунски истотака беше на мета на Црвена Звезда во моментите кога неговиот брат Давид ја договори соработката со шампиониот на Србија, но црвено-белите на крајот го ангажираа само помладиот син на Бобан Бабунски.

Дориан претходната сезона ја п омина во Фуенлабрада но после завршената сезона со тој шпански клуб остана без ангажман.