Баерн купува фудбалер на „фармацевтите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен планира да го донесе крилниот фудбалер на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

Ваквите најави ги пренесува ЕСПН кој јавува дека доколку го сакаат Јамајканецот во своите редови, Баварците ќе мора да издвојат 60 милиони евра.

За младиот 20 годишен брзоног фудбалер постои интерес и од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но тој преферирал да остане во Бундеслигата што го прави Баерн Минхен прв фаворит за неговите услуги.