Барса и Валенсија случуваат нова зделка?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот тренер на Валенсија сака играч кој многу добро го познава.

Марселино Гарсија Торал во минатата недела и официјално е именуван за нов тренер на Слепите Лилјаци, а екипата ќа ја преземе на крајот на сезоната, и веќе почна со потенцијалните засилувања.

Како што пренесува добро информираниот локален Супердепорте, Марселино на управата веќе соопши дека го сака играчот за врска на Барселона Денис Суарез кој соевремено го доведе во Виљареал.

Барселона во летото ја искористи клаузулата и го врати Денис за 3.25 милиони евра, токму од Виљареал, но не се покажа во оваа сезона.

Суарез на стартот ја доби шестката на Чави на грбот, му предвидуваа голема иднина на Ноу Камп, му укажуваа голема доверба, но само се вклопи во сивилото на Барса во оваа сезона, односно не направи никаква значајна разлика кога беше на терен.

Барса во овоие моменти нема намера да го продаде, меѓутоа, јасно е дека за десетина милиони евра ќе размисли со оглед на сумата на пари за која е вратен.

Да потсетиме, Барса и Валенсија во претходните години склучија неколку зделки, како што се  – Пако Алкасер, Андре Гомеш, Мунир Ал Хадади, Мартин Монтоја, Жереми Матје, Жорди Алба…